Македонија
15. јуни 2019 - 11:26

Момче и девојка повредени во сообраќајка во Куманово, со „мерцедес“ удриле во жардињера

Вчера околу 17.20 часот на бул.„3-та МУБ“ во Куманово, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од с.Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.