Македонија
26. January 2019 - 11:20

Момче (19) прегазено во Скопје, возачот со мерцедесот побегнал од местото

Вчера во 17.00 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.

Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница “8-ми Септември“.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.