Балкан
18. December 2015 - 8:33

Молотови коктели фрлени врз турскиот Конзулат во Солун

Петнаесет рачно изработени бомби експлодираа рано изутринава пред турскиот Конзулат во Солун, јави грчката агенција АНА-МПА.

Засега нема информации за евентуално повредени лица во инцидентот.

Експлозивните направи биле фрлени од маскирани лица врз полициското обезбедување на дипломатското претставништво.