Молотов коктел фрлен во кафебар во Тетово
Ноќеска околу 4 часот засега непознати сторители предизвикале општа опасност во кафулето „Баркод“ лоцирано на улица „ЈНА“ во Тетово откако го скршиле изложното стакло пришто внатре фрлиле стаклено шише со запалива течност, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци од фрлениот “молотов” коктел избувнал пожар што опожарил две дрвени маси, дванаесет сточиња, од кои две шанкерски, а оштетени се и шанкот и подот како и дел од музичка опрема. Нема повредени во објектот што е во сопственост на Р.М.(40) од Тетово.
-Извршен е увид при што се пронајдени повеќе траги и предмети како чекан, тесла, запалка и друго што ќе се вештачат. Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со случајот, откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина