Молдавски опозициски лидер осомничен за злоупотреба на функцијата ја напуштил земјата
Лидерот на до неодамна владејачката Демократска партија на Молдавија (ПДМ), Владимир Плахотњук ја напуштил земјата, откако новата молдавска премиерка Маја Санду најави дека тој ќе биде кривично гонет за „узурпација на власта и други злоупотреби“, објавија медиумите во Кишињев.
На ваквите медиумски информации реагираше ПДМ, која соопшти дека Плахотњук ја напуштил Молдавија „на неколку дена, за да го посети семејството“.
ПДМ премина во опозиција откако на 8 јуни дотогашниот премиер и нејзин член Павел Филип поднесе оставка, по што беше формирана нова Влада предводена од Санду.
На првата седница на нејзината Влада, Санду најави дека ќе се залага за зајакнување на врските на Молдавија со ЕУ и дека пред лицето на правдата ќе ги изнесе оние кои во изминатиов период ја злоупотребувале власта.
Молдавија западна во политичка криза по изборите во февруари годинава, на кои дотогашната владина коалиција предводена од ПДМ го загуби мнозинството во Парламентот, а партиите не може да се договорат за формирање нова влада.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи