Балкан
15. September 2017 - 11:38

„Молчев пред судот, но сега ќе кажам сѐ“ - убиецот на Аркан ги открива деталите за бегството

Драган Николиќ Гаги, кој во ексклузивната исповед за српскиот Курир призна дека учествувал во подготовките за убиството на Аркан, до последен детаљ ја опиша ликвидацијата во хотелот „Интерконтинентал“ на 15. јануари 2000 година.

Иако пред судот твдел дека за случувањата во бечградскиот хотел не знае ништо, по 7 години одлучил да проговори и да каже сѐ што знае за случувањата - за ликвидацијата, детали за убиството, но и бегањето од Србија, криењето и апсењето во Виена.

-Молчев пред судот и не ја кажав вистината. Ќе кажам што се случуваше, па нека се суди и цени. Одлучив да проговорам за тоа како се најдов во целата ситуација, кој ми беше мотивот да се впуштам во такво нешто, објаснува Гаги за причината поради која после 17 години одлучил да раскаже сѐ што знае за трострукото убиство во белградскиот хотел.

Тој вели дека не бил во„Интерконтинентал“ за време на убиството, но дека е запознаен со секој и најситен детаљ за она што се случувало на кобниот ден.

-Вистината е поинаква од она што го пишува во обвиенението и пресудата заради која сум во затвор 14 години и скоро 5 месеци. Шпекулациите за случувањата во „Интерконтинентал“ траат веќе скоро две децении. Сѐ што ќе кажам е веродостојно и имам материјални докази. Некои од нив не се користени пред судот, но јас ги поседувам, ја запчнува својата шокантна исповед Драган Николиќ, кој казната од 30 години затвор ја служи во Забела.

Неговиот кум Добросав Гавриќ кој пукал во Аркан и неговите пријатели и поради што е осуден на 35 години затвор, уапсен е во Јужна Африка, додека Милан Мики Ѓуричиќ, третиот осуден на казна од 30 години, веќе 11 години е во бегство.

-Не знам кој ден точно беше во 1999 година. Знам дека беше ведро и сончево. Бев во сива „тојота“, која ја возеше мојот кум, инаку полицаец во полициската бригада. Бевме на пат кон Војводина, кога ме повика сега покојниот Зоран Ускоковиќ Сколе, со кој бев долгогодишен пријател, се потсетува Николиќ.

Како што вели, според тој повик сфатил дека се случува нешто важно, бидејќи морале веднаш да се упатат на местото на состанокот.

-Ми рече итно да дојдам во ресторанот „Двор“во Раковци. Знаев дека е нешто итно. Свртевме и отидовме во споменатиот ресторан. Гавриќ остана со полицаецот Дејан Питулиќ, кој работеше како обезбедување на Сколе на приземје. Јас се качивна спрат во една канцеларија во која седеа Скеле, покојниот Бранко Јевтовиќ - Јорга и човекот чие име не сакам да го споменам, се потсетува Николиќ на почетокот на целата приказна.

-Пред тоа со Жељко Ражнатовиќ имавме коректни односи, со тоа што Сколе дури беше и воодушевен од него толку многу што почна да го имитира. Летото 1997 година му реков: „Познавајќи го Аркан, знам дека блискоста со него многу чини“, особено бидејќи на Сколе му дозволи да се одзива на негово име. Му реков дека порано или подоцнаќе дојде до кавга. Сколе беше изненаден, но уште тогаш му кажав дека, кога ќе дојде до тоа ќе бидам со него. Така и беше.“ - вели Гаги.

Тој го опишал и бегството преку Романија до Австрија, во чија престолнина бил и уапсен. По долги години поминати со адвокатите ја подготвувал и одбраната на Добросав Гавриќ кој освен Аркан, го убил и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ.

Тој вели дека за време на криењето во Будимпешта во 2000 година, го посетувале Сколе и Андрија Драшковиќ со адвокатите, но и дека повремено се гледале.

-Неколку пати се видов со Бранислав Лаиновиќ. Еднаш, јас и мојата сопруга седевме во кафуле на две нивоа. Мојата жена замина, а он ми рече: „Гаги, постар сум од тебе и ти посакувам добро. Пет сина имам, верувај ми треба да имаш адвокат. Пушти ги приказните. Имам пријателка се вика Маја Гојковиќ. Сака да те брани...“ - обелодени Гаги.

Наскоро повеќе од целата исповед на Драган Николиќ.