Свет
26. December 2015 - 9:16

Моќно торнадо го погоди американскиот град Бирмингем

Најмалку три лице се повредни синоќа кога моќно торнадо го погоди градот Бирмингем во американската сојузна држава Алабама, оштетувајќи поголем број куќи и корнејќи дрва. 

Американската Национална метеоролошка служба информира дека торнадото предизвикало сериозни штети низ градот.

Американските медиуми јавија дека најмалку три лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени при невремето.

Силниот ветер уривал делови од куќи и корнел дрва, електрични столбови и сообраќајни знаци. Поради штети на електричната мрежа, делови од Бирминген останале без струја.

Алабама од средата е зафатена од невреме проследено со силен ветер и поројни дождови, поради што властите објавија предупредување од можни поплави.