Loading Video...
Спорт плус
4. July 2018 - 17:31

МОК и АМС на заедничка средба со освојувачите на медали во Тарагона

МОК и АМС задоволни од учинокот на спортистите на МИ во Тарагона Шпанија каде беа освоени 6 медали.

На прес конференцијата во Парк Хотел Спа претседателот на МОК,д-р Васил Тупуковски изрази  благодарност  до сите учесници на игрите:

„Секогаш може  повеќе но 6 медали се  учинок за респект.  Сите спортисти кои настапија сигурно ќе постигнат нови успеси во кариерата откакко добро ќе се одморат.  Ова е доказ дека сме на прав пат да испратиме што повеќе спортисти на ЛОИ во Токио“ изјави првиот човк на МОК.

Директорот на АМС, Дарко Каевски  им се заблагодари на спортистите за учеството во Тарагона и освоените медали и најави проект „Млади олимписки надежи“  со цел да се селектираат млади спортисти и заедно со националните спортскифедерации  и стручни лица и институции да се дојде до исполнување на олимписки норми за учество на зимски и летни олимпијади но и постигнување подобри резултати.