Loading Video...
Спорт плус
21. December 2019 - 19:50

МОК го смени името и изгласа нов статут

MОК  и  олимписките спортови ги надминаа несогласувањата  и изгласаа  нов статут и промена на името на денешното собрание во х. Александар Палас   и од денеска ќе биде Олимписки комитет на Северна Македонија
Со присуство на 92 од вкупно 128 делегати се одржа собраниската седница на МОК на која според инструкциите на Интернационалниот Олимписки комитет  беа надминати дел од несогласувањата со претставниците на олимписките федерации и се очекува измените да бидат усвоени на следната седница во април наредната година. Во согласност со државниот устав   МОК  го смени името во Олимписки комитет на Северна Македонија. 
Според промените во статутот  сите 29 олимписки федерации добија  место во собранието заедно со уште 24  индивидуални претставници.  Нови потпретседатели се Примислав Димовски и Перо Антиќ . 
Димовски како претставник на Олимписките федерации изјави дека по надминувањето на недоразбирањата со раководството на МОК нема да има промени на претседателската функција до ЛОИ во Токио 2022г. 
Нов член на семејството на МОК  е Снукер федерацијата но без право на глас.