Мојсиу, Топи, Мејдани, Мајко и Пацоли во Хаг за поддршка на Тачи
Поранешниот претседател на Косово и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли, го иницираше заедничкото патување со неговите албански колеги во Хаг за да го посети поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и другите лидери на ОВК, јави abcnews.al. Заедно со Пацоли, во неговиот приватен авион, заминале и поранешните претседатели на Албанија Реџеп Мејдани, Алфред Мојсиу и Бамир Топи, како и поранешниот премиер Пандели Мајко.
-Историјата не може повторно да се пишува. ОВК е нашата национална гордост“, напиша советникот на Пацоли, Џетлир Зиберај покрај фотографијата што ја сподели од Хаг. Поранешните претседатели на Косово, Фатмир Сејдиу и Атифете Јахјага, ја одбиле поканата на Пацоли.
Тачи и другите високи раководители на ОВК, кои се сомничат за воени злосторства неодамна ги посети и албанскиот премиер Еди Рама. Парламентот во Тирана на 21 јули усвои Резолуција против извештајот на Дик Марти во која за неосновани се сметаат тврдењата за нелегална трговија со органи во Косово и Албанија, за време на косовската војна.
Во неа стои дека тврдењата наведени во извештајот на Дик Марти и по “10 години истрага не се докажани и не се засноваат на факти”. Резолуцијата, на 12 минатиот месец, беше доставена до Советот на Европа од кого се бара да се преразгледа извештајот на Марти и да се подготви нов каде ќе биде наведена ” вистината за невиноста на раководството на ОВК”.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност