Фудбал
23. July 2016 - 17:33

Мојс нов тренер на Сандерленд

Дејвид Мојс е новиот менаџер на фудбалерите на Сандерленд. Шкотланѓанецот на функцијата го наследи Сем Олердајс кој во иднина ќе биде селектор на Англија.
 
Шкотскиот стратег по две години се враќа во Премиерлигата, откако имаше неуспешна седуммесечна авантура на клупата на Манчестер Јунајтед, каде го наследи легендарниот Алекс Фергусон.
 
Мојс тренерската кариера ја започна во 1998 година, во екипата на Престон, а најдобрите резултати ги постигна со Евертон на чија клупа седеше 11 години.
 
По отказот во Манчестер Јунајтед, Шкотланѓанецот го предводеше Реал Сосиедад, каде бележеше просечни резултати.
 
Сандерленд минатата сезона во финишот на сезоната успеа да избори опстанок во Премиерлигата. Во тековниот преоден рок клубот сѐ уште нема потпишано со ниту еден нов играч, а од тимот си заминаа Стивен Флечер, Сантијаго Вергини и Дени Грејем.