Македонија
29. September 2015 - 16:47

„Мој термин“ преминува во Управа за водење на електронско здравство

Годинава во аптеките низ Македонија биле подигнати 1 милион и 600 илјади лекови повеќе од лани.

Податоците од Мој термин покажуваат дека годинава бројот на реализирани рецепти изнесува 17 милиони 720.518  што е 10 проценти зголемување во споредба со истиот период минатата година.

И понатаму најмногу се издава терапија за притисок и смирување.

Од почетокот на 2015 досега на лекар се јавиле близу 1,5 милиини пациенти, а биле креирани над  5,5 милиони упати. Ова е само дел од статистиката со која располага новата Управа за електронско здравство која е посебен орган во состав на министерството за здравство.  

-Значи Управата ќе формира сопствен аналитички центар преку кој ќе се изготвуваат детални извештаи по различни параметри и по желба на корисникот. Корисниците ќе можат да креираат свои медицински анализи, кои понатаму ќе им послужат за подготвување магистерски, докторски теми, на научни трудови, статистички извештаи и сл. изјави Милан Аризанковски, проект-менаџер на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“.

Паралелно со статистиката Управата постојано го надградува и електронксиот здравтвен картон на пациентот. Во него прецизно се евидентира секој преглед, подигнат лек, операција, контрола и лабораториски анализи. Секој пациент доколку сака може да има увид во овие податоци.