Могерини: Земјите од Западен Балкан да најдат инспирација во договорот меѓу Атина и Скопје
Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјави дека за лидерите на Западен Балкан постојат две опции – да си постават високи цели или да не направат ништо.
– Ако сте политички лидер во компликувана земја и компликуван регион можете да изберете високи цели и да постигнете најдобро за својот народ и земја или да одлучите да чекате да дојдат подобри времиња, истакна Могерини.
Таа после состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија ги повика сите земји од регионот на Западен Балкан да најдат инспирација во договорот меѓу Атина и Скопје.
– Тие избраа храбра визионерска улога на лидери што донесе историски резултат. Верувам дека тоа треба да биде инспирација за сите, рече Могерини.
На прашање од новинар на Танјуг за консултациите на ЕУ со меѓународната заедница за процесот за повторно придвижување и можна финализација на дијалогот меѓу Белград и Приштина, високата претставничка на ЕУ рече дека меѓународната заедница одблиску ги следи случувањата во регионот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море