Свет
7. March 2017 - 0:09

Могерини: Во април ќе се одржи меѓународна конференција за Сирија

Европската унија ќе биде домаќин на меѓународната конференција за Сирија, што ќе се одржи на 5 април во Брисел, наведе високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. 

Конференцијата ќе биде организирана во соработка со ОН.

На неа ќе се разгледуваат прашањата за помош за Сирија.

- Оваа конференција треба да ги поддржи Сиријците во Сирија и во соседните земји, но таа исто така треба да го охрабри процесот на преговори под покровителство на ОН и да направи евалуација на регионалните услови, нагласи Могерини.