Македонија
12. September 2018 - 18:34

Могерини утре на средби во Скопје

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини утре ќе престојува во Македонија каде се очекува да има средби со македонскиот државен врв и со лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски.
 
Како што информира попладнево владината прес-служба, Могерини утре ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што двајцата ќе дадат кратки изјави за медиумите во Турската Чаршија.
 
Високата претставничка на ЕУ ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. 
 
Посетата е во пресрет на претстојниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа.