Македонија
18. April 2019 - 16:20

Могерини смета дека ќе биде стратешка грешка ако Македонија не почне преговори во јуни

Би  била голема грешка доколку Европската Унија во јуни не донесе одлука за започнување на прегворите со Скопје и Тирана , порача високата преставничка за надворешна политика Федерика Могерини, одговарајки на прашањата на европратениците во комиетот за надворешни прашања на Европскиот Парламент.

Могерини е убедена дека интегрирањето на западниот Балкан во ЕУ треба да се забрза, притоа водејки сметка во секоја од земјите да се работи на унапредување на владеењто на правото и почитување на индивидуалните слободи и  човековите права.  Според неа политиката на ЕУ на  Балканот последниве  пет години е успешна приказна , а за тоа да тоа така треба да се се задржи динамиката на интегрирање на регионот