Балкан
6. јуни 2016 - 9:55

Могерини ја повика Албанија да спроведе реформа на правосудството

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини вчера ја повика Албанија да спроведе реформа на правосудството, истакнувајќи дека тоа е клучен чекор на патот на земјата кон ЕУ.

Главната опозициска албанска демократска партија се противи на усвојувањето конечен нацрт-пакет, кој би требало да биде усвоен до крајот на месецот, со цел Брисел да се убеди да одобри почеток на преговори за членство.

Тој пакет закони, исто така е клучен во борбата против корупцијата на сите нивоа, посебно во правосудството.