Свет
14. December 2016 - 13:24

Могерини ги повика сириската Влада и Русија да ги поштедат цивилите

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска ги повика сириската Влада и Русија да сторат се што е во нивна моќ за да ги поштедат цивилите во Алепо, во момент кога бладините сили се подготвуваат да ги протераат и последните бунтовници од градот. 

- Приоритет сега, во овие часови е да ги заштитиме цивилите, да им гарантираме безбеден транзит под надзор до безбедните места, истакна Могерини. 

Таа додаде дека тоа пред се е одговорност на сириската Влада и на нејзините сојузници, предупредувајќи дека „оние кои извршуваат воени злосторства ќе бидат повикани на одговорност“.