Могерини: Европските лидери да ја донесат вистинската одлука за преговори со Скопје и Тирана
За да се зајакне постигнатиот напред на Балканот, сега е моментот да отвориме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука, изјави денеска високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.
Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч“ на Универзитетот Оксфорд, меѓу другото, Могерини потенцираше дека Унијата мора да се стабилизира и да го обедини сопствениот континент со внесувањето на Западен Балкан во ЕУ.
– За да ги направиме војните невозможни на нашиот континент, потребно е да се обедини Европа со воведување на Балканот во ЕУ, истакна Могерини.
– Во последните години направивме значајни чекори, почнувајќи од договорот меѓу Грција и Северна Македонија, а важен напредок, и покрај тешкотиите, постигнат е и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна Могерини.
Таа оцени дека сите шест партнери во регионот спровеле клучни реформи и оти лидерите и народите од Западен Балкан станале свесни за важноста од меѓусебната соработка.
– Ова е истиот основен принцип, од каде почнааа првите чекори кон создавање Европска унија, по Втората светска војна. Престанавме да се бориме едни со други во моментот кога сфативме дека деловната соработка е многу подобра отколку меѓусебни судири, појасни шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите