Могерини: ЕУ на 7 октомври започнува операција за борба против трговци со мигранти
Европската унија на 7 октомври започнува операција за борба против илегалниот шверц на луѓе во Средоземно Море, соопшти денеска Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува ТАСС.
- Втората фаза на европската операција за борба против трафикантите со мигранти ќе започне на 7 октомври. Политичкото решение е донесено, подготвени се и средствата за нејзино остварување, истакна Могерини.
Одлуката за формирање на посебна воена поморска мисија за контрола на миграцијата беше донесена на европско ниво.
Првата фаза на операцијата, започната на 22 јуни, се сведува на собирање информации. Втората фаза предвидува задржување и проверка на сомнителни пловни објекти, за кои се претпоставува дека вршат илегален транспорт на мигранти до Европа.
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика