Македонија
18. February 2019 - 19:49

Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех што го постигнаа Скопје и Атина

Договорот со Грција многу ќе влијае на одлуката Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

Сепак, шефицата на европската дипломатија по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ истакна дека името не е единствниот услов за европската интеграција на земјава.

Иако формално не беше на агендата, шефовите на дипломатиите на денешниот состанок го поздравија Преспанскиот договор, кој, како што велат, треба да донесе повеќе стабилност во регионот.

Во европските институции новото име на нашата земја се употребува од петокот, по формалното известување од Владата за смената на името на државава.

Македонија на 28 јуни очекува датум за почеток на преговорите со Европската унија, додека на 12-ти јули на самитот на НАТО – официјална покана за членство во Алијансата како нејзина 30-та членка.