Балкан
3. March 2017 - 8:52

Могерини денеска на средби во Белград

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, во рамките на балканската турнеја, денеска ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.

Српскиот премиер изрази очекување за добар и отворен разговор со Могерини, истакнувајќи дека не знае дали случајот со Рамуш Харадинеј ќе биде една од темите на средбата.

По средбите во Сараево и Подгорица, одложувањето на средбите во сараево поради неможноста да допатува таму поради густата магла, вчера Могерини имаше средби во Скопје. Денеска таа е во Белград, а потоа ќе има средби и во Тирана и Приштина.