Свет
5. April 2017 - 10:47

Могерини бара итно одржување мировни преговори за Сирија

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини апелираше денеска на меѓународната заедница итно да поттикне одржување мировни преговори за Сирија, по наводниот напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб.

- Мора итно да поттикнеме одржување на политички разговори во Женева. Мора да ја обединиме меѓународната заедница зад тие преговори, истакна Могерини пред конференцијата за Сирија, која се одржува во Брисел.

Бројот на жртвите во нападот во Сирија, за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје, се зголеми на 72 лица, а меѓу нив има и 20 деца, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.