Живот
17. March 2022 - 11:13

„Моето чисто маало“ е темата на овогодинешниот детски ликовен конкурс на Ладна

Секое дете ја има моќта да биде локален еко-херој! За да го докаже тоа, Ладна оваа година го отвори традиционалниот детски ликовен конкурс на тема „Моето чисто маало“, преку кој ги повикува децата да покажат како ќе ги употребат своите еко-моќи за да го исчистат своето маало. А како и секоја година, најдобрите и најкреативните ликовни дела ќе бидат наградени со вредни награди.

Целта на детскиот ликовен конкурс на Ладна е да ја разбуди креативноста кај децата и преку зададената тема да ги натера да размислуваат одговорно и проактивно за нивната улога во средината во која живеат. 

Натпреварувачкиот дел e поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Кога се работи за цртежите, нема ограничувања – тие може да бидат во која било техника.

Конкурсот започна на 2 март и ќе трае се’ до 4 мај, по што стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи во двете категории. Поради неизвесноста за патување надвор од државата, наградите и оваа година ќе бидат во парична и материјална форма и тоа:

Прво место – две награди по 120.000 денари

Второ место – две награди по 20.000 денари 

Трето место – два таблети за цртање

Оваа година има мала промена во начинот на учество, пришто цртежите не треба физички да се испраќаат, туку онлајн да се прикачат на веб страната ladna.com.mk, односно на линкот  http://ladna.com.mk/ArtCompetitions. Оригиналните треба да се чуваат до крајот на ликовниот конкурс.

Ладна се надева дека темата на овогодишниот конкурс не само што ќе ја разбуди креативноста, туку и еколошката одговорност кај младите, кои со малку напор и силна волја можат да бидат локални еко-херои. Ајде уште еднаш да покажеме дека детската креативност нема граници!

Боите в раце и ги очекуваме вашите чисти маала!

Следете не’ на ladna.com.mk, facebook/ladna.mk и instagram/ladna.mk.