Фудбал
8. July 2017 - 16:12

Модриќ се откажува од хрватскиот дрес ?!

Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на хрватскиот национален тим сериозно размислува да се повлече од репрезентацијата.
 
Модриќ во изјава за шпанска „Марка“ истакнал дека е под голем притисок во Хрватска да ја смени изјавата дадена на судењето на Здравко Мамиќ и тоа е причината за таквата негова одлука.
 
- Се уште немам донесено конечна одлука. Ќе видиме. Сега сакам да се посветам на подготовките со Реал. Што се однесува до случајот со Мамиќ мене совеста ми е чиста. Се што се случува во врска со тоа ме погодува и мене, ама сум издржал и потешки работи во животот, изјави Модриќ.
 
Досега Модриќ има одиграно 96 натпревари за Хрватска и постигнато 11 голови.

Ново на Сител