Живот
24. November 2016 - 14:38

Модната дизајнерка Кокев во сабота во МОБ ќе ги претстави најновите креации

Модната дизајнерка Тања Кокев во сабота вечер на големата сцена во Македонскиот народен театар, ќе ги претстави своите најнови креации со модна ревија.

Креаторката, изминативе две сезони ја подели својата работа на „read to wear“ колекција, која се продава подготвена за носење и „couture“ колекција наменета за свечени прилики. На оваа „couture“ модна ревија покрај сосема новата колекција создадена од богатство на материјали и форми, бисери и траки измешани со чипки и карнери, кои во себе содржат примеси на декаденција, креаторката за своите почитувачи подготвува и изненадување. Режијата на оваа амбиентална ревија е на Дејан Пројковски, а изборот на музика на диџеј Соња Исмаил.

- Овие креации имаат нова енергија, нов почеток и приказна од која ќе се инспирирам за да творам. Тие претставуваат своевиден блесок, а модата е неретко причина да се чувствувате како да блескате на некој начин. Колекцијата изобилува со чипки, бисери, интересни свили и комбинации, кои се надевам ќе ги натера тие што ќе ги носат креациите да се чувствуваат како ѕвезди, кои блеснуваат, изјави Кокев пред ревијата.