Моди: Индија е во состојба да го уништи Пакистан за 10 дена
Индија веќе е во состојба да го уништи Пакистан за помалку од 10 дена во секоја нова војна со својот сосед и соперник, изјави премиерот Нарендра Моди, пренесен од француските медиуми.
Двете соседни земји што поседуваат нуклеарно оружје досега имаа три војни и во минатиот февруари се приближија до четвртиот меѓусебен конфликт по воздушните напади, предизвикани од нападите врз индиската војска во Кашмир.
Моди веќе со недели наназад се наоѓа под притисок заради протестите за новиот закон за државјанство, забавувањето на економијата и шансите да претрпи пораз на изборите во Њу Делхи во текот на следниот месец.
-Пакистан веќе загуби три војни. На нашите вооружени сили нема да им бидат неопходни повеќе од седум до 10 дена за да го натераат Пакистан да исчезне, изјави Моди во вчерашниот говор пред воениот врв.
Неговите коментари следат по минатогодишниот инцидент, кога индиски авион ловец беше соборен, а пилотот заробен, од пакистанската армија по реткиот воздушен судир меѓу двете држави.
Носејки безбол капче на Националниот кадетски корпус за време на настанот во главниот град, Моди изјави дека новата сила на Индија е благодарение на тоа што тој го нарече „присутното младешко мислење”.
Тој додаде дека индиските напади врз милициите во делот од Кашмир, што е под управа на Пакистан, и во самиот Пакистан во 2016 година и минатата година, се докази за тоа што го зборува.
-Тоа е „младешко мислење”. Ние изведуваме хируршки напади и напаѓаме терористи во нивните домови, рече Моди.
Индија и Пакистан водеа три војни: во 1947, 1965 и 1971 година, а во 1999 година беше таканаречениот Каргилски конфликт.
Моди изјави дека Пакистан продолжува да води „прокси војна” против Индија, поддржувајќи ги борците од Кашмир, кои се наоѓаат во делот што е под администрација на Индија, каде во последните децении загинаа десетици илјади лица.
Кашмир од 1947 година е поделен меѓу Индија и Пакистан, по стекувањето независност од Велика Британија.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште