Свет
7. October 2021 - 11:00

Модерна планира да изгради фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка

– Модерна планира да инвестира околу 500 милиони долари за изградба на фабрика во Африка, што ќе произведува до 500 милиони дози на мРНА вакцини годишно.

Предвидено е да се произведува и  нејзината вакцина против Ковид-19, додека расте притисокот врз фармацевтската индустрија да произведува лекови во Африка. Покрај производството, вакцината може да се пакува на истата локација.

– Очекуваме да ја произведеме нашата вакцина против Ковид-19 во ова фабрика како и дополнителни производи од нашето портфолио на вакцини мРНА, изјави извршниот директор Стефан Бансел на Модерна.

Американската фармацевтска компанијата најави дека наскоро ќе одлучи во која земја и на која локација ќе ја гради фабриката.