Свет
14. December 2020 - 16:37

„Модерна“ очекува ЕУ да ја одобри нејзината вакцина следниот месец

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ очекува ЕУ да ја одобри нејзината вакцина против ковид-19 кон средината на следниот месец и подготвена е веднаш потоа да започне со дистрибуција, изјави денеска шефот на нејзиниот европски оддел Дан Станер.

 

– Очекуваме одобрение за земјите од ЕУ, а со тоа и за Германија на 12 јануари – нагласи Станер.

Тој истакна дека „штом ќе добијат одобрение, ќе можат веднаш да вршат испорака“.