Свет
4. January 2021 - 17:34

„Модерна“ најави поголемо производство на вакцини

Компанијата „Модерна“ најави зголемување на минималното производство на вакцини за 100 милиони дози. Наместо плановите за производство на најмалку 500 милиони дози вакцини во 2021 година, Модерна најави дека долната граница на производство ќе биде 600 милиони дози.

Со оглед на тоа што на САД им требаат големи количини, компанијата одлучи да инвестира во нови производствени капацитети и да ангажира дополнителна работна сила со цел да произведе и испорача максимум една милијарда дози оваа година.

Досега се испорачани 18 милиони дози во САД како дел од вкупната нарачка од 200 милиони, а компанијата, исто така, потпиша договор со канадската Влада за набавка на 40 милиони дози вакцини.