Бизнис
18. December 2018 - 21:05

Моделот за развој на системи за дистрибуција на природен гас да се изготви за 45 дена

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска ја прифати Информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија.

За да се изготви модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас, Владата го задолжи Министерството за економија да формира работна група составена од двајца негови претставници, по еден претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата, од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, по еден претставник од министерствата за финансии, за транспорт и врски, за локална самоуправа и еден претставник од МЕР АД Скопје.

Рокот за номинирање членови и заменици на работната група е пет дена. Министерството за економија е задолжено  во рок од 45 дена до Владата да го достави моделот за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија.