Џет-Сет
5. March 2018 - 14:45

Модата на прво место: Викторија Бекам сликана во прошетка и со патерици и со високи потпетици

Викторија Бекам (43) не отстапува од својот стил и високите потпетици ниту по цена на здравјето.

Имено, сопругата на Дејвид Бекам во текот на овие студени зимски денови доживеа мала незгода и ја повреди ногата.

Поради тоа беше принудена некое време да носи патерици. Но, и тоа не ја спречи да облече едни од своите омилени чизми со високи потпетици.

Поранешната Спајица ја сликаа папараците во лесна прошетка низ Лондон, а иако видно повредена, Викторија по кој знае кој пат покажа дека е жена со стил. Модата и е на прво место, дури и во вака тешка ситуација.