Македонија
26. March 2019 - 16:24

МО најостро ќе ја санкционира припадничката на АРМ кој го величаше масакрот во Нов Зеланд

Министерството за одбрана најавува најостри санкции за професионалниот војник кој го пофали чинот на напаѓачот во Нов Зеланд.

Од генералштабот за Сител велат дека реагирале веднаш откако бил објавен фејсбук статусот на војникот.

Извршиле увид и констатирале дека лице со тоа име е дел од единиците на АРМ. Според информациите се работи за припадничка на артилериската единица. Согласно законот генералштабот презема и безбедносни мерки за случајот.

„ Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици да се преземат соодветни мерки за спречување на ваков вид на однесување кое е далеку од начинот на однесување на припадниците на Армијата, како и во рамки на законските надлежности најстрого да бидат санкционирани појавите на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на нејзините припадници. “

Откако овој стаус наиде на остри реакции кај јавноста, вработената го избриша профилот на Фејсбук. На 15 март таа на социјалните мрежи даде поддршка за лицето кое изврши вооружен напад во две џамии во Нов Зеланд во кој беа убиени 50 лица.

Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“ човекот во Нов Зеланд. Браво браво.

Пред камерата на Сител припадничката на АРМ тврди дека таа не го напишала статусот туку профилот и бил хакиран.

Радикализам и ширење на верска, етничка,религиска нетрпеливост во земјава е казниво со закон.