МО и АРМ имаат одлична соработка со КФОР на Косово
Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлична соработка со КФОР на Косово, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и командантот на КФОР, генерал-мајор Гуџлиермо Миџлиета.
Министерот Јолевски на средбата посочил дека Република Македонија во континуитет дава придонес кон напорите на меѓународната заедница за мир и стабилност на регионот.
- Дел од тие напори е и логистичката поддршка за КФОР, истакнал министерот Јолевски, соопшти денеска МО.
Генералот Миџлиета се заблагодарил за средбата и додаде дека како и досега, потребно е и во иднина да се одржуваат постојаните контакти и средби на високо ниво.
На средбата соговорниците разговарале за геополитичката состојба во поширокиот регион и Европа, како и за состојбата околу мигрантската криза која го зафати континентот. Во тој контекст министерот истакнал дека Армијата на Република Македонија продолжува со поддршката на полицијата на јужната граница.
- Наша цел е хуман третман и ефикасен транзит на мигрантите низ територијата на Република Македонија, кон нивната крајна цел, рекол министерот Јолевски.
Оваа средба е првата официјална средба на ново поставениот командант на силите КФОР на Република Македонија, како и прва средба со министерот за одбрана Јолевски.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите