Македонија
20. јуни 2017 - 12:07

МНТ со претставата „Не се клади на Енглези“ организира хуманитарна акција

Македонскиот народен театар (МНТ) утре со изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“ организира хуманитарна акција за лекување на две млади лица.

Средствата ќе бидат наменети за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и на кој му се потребни средства за лекување, како и за 24-годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин. Таа боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите и доведуваат до слепило и во Република Македонија не се лекуваат.

Подетални информации околу жиро-сметките и банките депоненти, како и отворените телефонски линии за донации, може да се најдат на Фејсбук страната на Македонски народен театар.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата „Купи карти за се“ по цена од 300 ден.