МНТ со „Електра“ гостува на повеќе фестивали
Македонскиот народен театар со претставата „Електра“, во режија на Андриј Жолдак утре ќе го затвори Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт.
Фестивалот се одржува од 28 август до 4 септември, во организација на Националниот театар од Букурешт. Годинава учествуваат десет држави - Русија, Италија, Грузија, Романија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Албанија со 11 претстави на познати режисерски имиња: Андриј Жолдак, Иван Допчев, Дејвид Дојашвили, Спиро Дуни и други.
- Темите поврзани со националноста, емиграција, потрага по идентитет и врската меѓу театарот и реалноста играа улога во донесувањето одлука за тоа кои претстави ќе земат учество на фестивалот, информира МНТ.
„Електра“ беше избрана за најдобро уметничко остварување во целина на 50-тото издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Претставата ја понесе наградата за најдобра режија, актерката Дарја Ризова доби награда за најдобра женска улога, актерката Звездана Ангеловска доби награда за епизодна улога, а наградата за млад актер му припадна на Александар Ѓорѓиески.
Македонскиот народен театар со „Електра“ на 15 септември ќе учествува на Театарскиот фестивал ФИАТ во Подгорица, Црна Гора. На истиот фестивал, на 14 септември ќе биде прикажана и нашата претстава „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија на Дамјан Читкушев.
Македонската публиката ќе има можност да ја види претставата „Електра“ на 19 септември, во рамки на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Во рамки на јубилејното 40-то издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, што оваа година ќе се одржи од 23 до 28 септември,„Електра“ ќе се одигра на сцената на МНТ на 28 септември.
Во октомври претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Синиша Евтимов ќе гостува во Националниот драмски театар во Баку, Азербејџан, кој постои веќе 140 години.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората