Македонија
28. January 2022 - 15:41

МНР: Знамето со кое беше покриен ковчегот на Аки беше обезбедено од нашата Амбасада

Министерството за надворешни работи (МНР) демантира дека немало претставник од Република Северна Македонија на погребот на пејачот Аки Рахимовски, што се одржа вчера во Загреб.

-Во врска со објавените информации дека на погребот на еден од најпопуларните музичари, Аки Рахимовски вчера во Загреб немало претставник од Република Северна Македонија, би сакале да информираме дека амбасадорот на нашата држава во Загреб, Миљаим Фетаи присуствуваше на погребот, изразувајќи почит кон делото на познатиот музичар, при што положи и венец, наведува МНР.

Според Министерството, знамето со кое беа покриени посмртните останки на Аки Рахимовски било обезбедено од Амбасадата.