Македонија
20. September 2017 - 20:08

МНР: Засега нема информации за македонски граѓани погодени од земјотресот во Мексико

Македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Оттму додаваат дека македонската Амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:

00 1 202 390 7418

00 1 202 667 0501

Од МНР истакнуваат дека доколку добијат било какви дополнителни информации навремено ќе ја известат јавноста