Македонија
3. April 2020 - 8:29

МНР: Вратени уште 180 македонски граѓани со лет од Берлин и Бон

Министерството за надворешни работи вчера информираше дека беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон.

Со ова, бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со вчера, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

– На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови, стои во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.