МНР со остра реакција на изјавата на Џамбаски
Министерството за надворешни работи вечерва реагираше и ги осуди изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со кои го потсетува претседателот Стево Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.
Од МНР информираат дека по дипломатски пат е известено и бугарското Министерство за надворешни работи.
-Во овој случај, Министерството ќе му препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Румен Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент, се вели во реакцијата.
Заканите и изјавите за закани, како што се наведува во соопштението, се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи. – Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, се наведува во реакцијата од МНР.
Бугарскиот европратеник Џамбаски на социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.
– Што претставува за нас една таква забрана. Да му порачам на Стево Пендаровски наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Ако се обидат да ни забранат влез во Македонија, нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економската логика во енергетиката на СДС е загуба
-
Рекордно висок одѕив на изборите за претседател на Чешка
-
СДСМ: Милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев
-
СДСМ: Ковачевски успешно се справи со енергетската криза, извезуваме струја во јануари
-
Европратеници велат дека Србија ќе биде Иран во Европа доколку не се прифати договорот
-
Сообраќајот се одвива непречено, на места намалена видливост поради магла
-
ВМРО-ДПМНE: Како дојдовме до тоа “маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност
-
Ковачевски: МВР ќе направи проценка за евентуални гости од Бугарија