МНР: Пронајдено безживотно тело на македонски државјанин во Бугарија
Според првични информации кои Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија.
Како што соопшти МНР, Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.
-Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, наведуваат од МНР.
Бугарската телевизија бТВ претходно, повикувајќи се на полицијата во Бургас, објави дека 14-годишник е приведен за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег.
Телото на жртвата било откриено вчера во шумска област до местото „Бачата“. Утврдено е дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава.
Во истрагата полицијата утврдила дека убиството го извршило 14-годишно момче од Несебар. Македонскиот државјанин бил претепан до смрт со кол, наведува бТВ повикувајќи се на полицијата во Бургас.
Ново на Сител
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски