Македонија
22. July 2019 - 16:45

МНР отвори Глобал СОС контакт центар за помош во итни случаи за македонски државјани

МНР отвори глобал СОС  контакт центар за итни случаи за сите македонски граѓани кои се наоѓаат надвор од државата, преку кој можат директно да се обратат за било која итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга.