Македонија
27. January 2022 - 19:01

МНР: Османи утре ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Македонија и Бугарија

Министерството за надврешни работи потврди дека министерот Бујар Османи ќе присуствува на утрешната седница на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

-Утре министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски, соопшти МНР.