Македонија
24. March 2020 - 10:48

МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора и Косово - ќе се сместат во карантин

Македонското Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја,

Лицата се враќаат со еден автобус и 19 автомобили и ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Од МНР информираат дека истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможиле 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.