Македонија
11. July 2019 - 18:14

МНР објави дежурен телефонски број од Генералниот конзулат во Солун

Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.

Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени.