МНР: Нема заболени наши граѓани од коронавирус во Италија
Министерството за надворешни работи врз основа на информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција соопшти дека до овој момент нема заболени наши граѓани од коронавирусот.
– Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, велат од МНР.
Од МНР препорачуваат зголемени мерки на претпазливост при патување во реоните Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, а повеќе информации граѓаните може да добијат на travel.mfa.gov.mk.
Во зафатените италијански региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 државјани на Македонија.
Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил venice@mfa.gov.mk
Според последните информации во Италија се потврдени 159 случаи на заразени лица со коронавирус.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата