МНР: Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси во Италија
Македонското министерство за надворешни работи врз основа на информациите со кои досега располага соопшти дека нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси што вчера беа регистрирани во централна Италија од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,1 степен по Рихтер.
Министерството за надворешни работи ги повика сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската Амбасада во Рим или во Министерството за надворешни работи.
Лица за контакт:
Министерство за надворешни работи: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk
Амбасада на Република Македонија во Рим:
Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон: 00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rоme
Е-пошта: rome@mfa.gov.мk.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата