МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Истанбул
Засега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа на аеродоромот „Атататурк“ во Истанбул. Се очекуваат повеќе информации во текот на денот, информираат за МИА од македонското Министерството за надворешни работи.
Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.
Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.
Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан.
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламска држава убија 36 лица на истанбулскиот аеродром доцна синоќа.
Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.
Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.
Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.
Аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот