МНР: На барање на Подгорица откажана посетата на министерот Радуловиќ на Скопје
На иницијатива на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, беше договорено посета на шефот на црногорската дипломатија Ѓорге Радуловиќ на Скопје, која првично требаше да се реализира утре. Подоцна, иницијативата од нивна страна беше повлечена, а реализацијата на посетата е оставена за друг термин што дополнително подоцна ќе се договори, потврдија од МНР за МИА.
Дел од македонските медиуми денеска јавија дека црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ „ја прекинал посетата“ на Радуловиќ на Македонија, бидејќи, како што наведуваат, министерот застанал на страната на коалициски партнер кој повеќе не ја поддржува неговата Влада.
Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој, како што наведуваат дел од медиумите, „морал да се врати од Скопје во Подгорица“. Медиумите јавуваат и дека Радуловиќ им се извинил на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како „лична, непримерна и непрофесионална“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација