МНР: Јасна поддршка за новата реформска Влада од Обединетото Кралство и Северна Ирска
Исполнетата дводневна агенда на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Лондон резултираше со позитивна порака на поддршка за реформските процеси на Владата, а со потпишување на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји Македонија ја потврди својата определба за членство во НАТО и ЕУ, информира МНР.
- Низ многубројните средби на македонската делегација со значајни политички актери на Обединетото Кралство, Македонија доби признание за вистинската насока на земјата, меѓу кои министерот за Европа сер Алан Данкан, членовите на Комитетот за надворешни работи на Горниот дом на Парламентот, како и од лабуристичкиот министер „во сенка“ за одбрана и надворешни работи и комонвелт Фабиан Хамилтон, наведува МНР во соопштението.
Министерот Димитров, исто така, имал средба и со претставниците на дијаспората на Република Македонија во Обединетото Кралство, на свечен прием организиран од Македонската амбасада во Лондон по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората